Јелена Розга повторно е сама, само неколку месеци откако во хрватските медиуми одекна веста дека пејачката е во врска со готвачот Иван Пожанин.
Откако ја раскина веридбата со виолончелистот Стјепан Хаусер, Розга не се појави во јавноста со посилна половина, а многумина ги интересира дали пејачката повторно е заљубена. Неодамна, хрватските медиуми објавија наводи дека срцето на Јелена го украл готвачот Иван Пожанин, а таа сега го негираше тоа.
„Јас сум соло“, кратко искоментира пејачката, која ретко зборува за својот приватен живот откако се раздели со Хаусер.
Меѓутоа, на прашањето што е вистинска љубов за неа, таа посочи:
– Лојалност, доверба и верба.
Таа призна дека секогаш е со позитивен дух, бидејќи се весели на разни ситници, но дека секогаш плаче за неправда. Како што вели, ако сакаме да го задржиме веселиот дух, најважно е да научиме да се заштитуваме.
– Сакајте се и почитувајте се. На тој начин, ќе научите да бидете сакани и почитувани од другите. И тогаш можете да го формирате вашиот свет во кој ќе бидете зачувани и во кој сте недопирливи – нагласи пејачката.