Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ се еден од најхармоничните брачни парови на регионалната сцена, а сега пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нивното летување.
Имено, тие двајца позираа на терасата во својот апартман, видно расположени, додека зад нив се простираше поглед кон морето.
Јелена ја крена едната рака, додека нејзиниот сопруг ја држеше за другата.
„Најдобар, најубав, најдраг, заслужен одмор“, „Колку е убава“, „Најслатки сте“, „Уживај Јелена, убаво да си поминете“, беа само некои од коментарите под фотографијата.