Пејачката Анастасија Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави видео во кое позира без шминка, во домашно издание.
На објавеното видео, Анастасија ја имаше пуштената брановидна коса, без шминка, во маица.
Судејќи според снимката, младата пејачка позираше во утринско издание, а на снимката ја означи и локацијата. Имено, таа моментално е во Нови Сад, од каде потекнува нејзиното долгогодишно момче Ѓорѓе Кулјиќ.
Пред околу десетина дена, Анастасија објави два сингла – „Извини“ и „Готово“, а ги промовираше истиот ден на прославата на нејзиниот роденден, на 25 мај.