КАРЛЕУША ЈА ИЗВРЕЃА ЦЕЦА: „Таа живее во куќа соѕидана од убиени Бошњаци, Хрвати и Срби“

popara26 мај, 20211min0
karleusa-ceca-660x450

Медиумската војна меѓу двете најголеми пејачки sвезди во Србија, Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша продолжува на Инстаграм. Во еден подолг пост, Карлеуша се осврна на ликот и делото на нејзината колешка, притоа не штедејќи на сериозни обвинувања.

„Со години се бранев на суд од перфидните напади на оваа жена, не можев да ја разберам Србија, која во минатото величеше жена позната по криминал и наногица, жена која беше тесно поврзана со убијците на Зоран Џинџиќ, сопруга на воен криминалец која живе во куќа соѕидана од убиени и ограбени Бошњаци, Хрвати, Срби … Јас бев во фазон WTF СРБИЈА?!“, напиша Карлеуша со фотографија на Цеца која доаѓа да го прослави 23-от роденден на својата ќерка Анастасија.

„Ме болеше неправдата затоа што медиумите секогаш перфидно ме прикажуваа како негативец, иако не стапнав на мравка, а ја величеа оваа затворска птица што собираше евтини поени од примитивците на сметка на наводниот патриотизам и Голема Србија. Сега, кога ја гледам ваква, сега веќе никој не го интересира, сега кога пее под шатори во кафулиња, сега кога постои во медиумите само ако се закачи за мене, чувствувам сожалување. Времето и кармата решаваат сè“, заклучи Карлеуша.

За оние кои се помалку запознаени со јавниот живот во Србија, Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ со години се влечат по судови, најчесто според следниов принцип – Карлеуша нешто ќе изјави, Цеца ја тужи за душевна болка, Карлеуша возвраќа со тужба. Тамошните медиуми престанаа да бројат зошто се тужат и во која фаза се нивните спорови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma