Иако овој пат беше облечена повеќе отколку што сме навикнати, Карлеуша провоцира и доминира во Дубаи
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша моментално доминира во Дубаи, каде веќе неколку дена ужива од глава до пети облечена во „Версаче“.
Јелена беше облечена во розова комбинација, фустан, хулахопки и чевли со огромна потпетица кои чинат дури 1 300 евра.
Пејачката стајлингот го заокружи со златен накит од Версаче, огромен ѓердан и прстен, додека носеше нараквица од познатата куќа „Картие“.
Карлеуша самоуверено се прошета низ фоајето на хотелот во кој престојува, а позираше и на фотелја во многу пози. Јелена и се обрати на познатата дизајнерка Донатела Версаче, но и се пошегува.
– „Преземање“ на Дубаи. Инаку, Донатела ми е маќеа – се пошегува Карлеуша во описот на видеото кое го објави.
– Здраво, Донатела, ова ли го имаше на ум? – напиша Јелена со фотографиите и хумористично и се „обрати“ на познатата дизајнерка.
Како изгледа Карлеуша во Дубаи, облечена од глава до пети во Версаче, погледнете во галеријата подолу.