Пејачката Катарина Грујиќ денеска се омажи за својот вереник, фудбалерот Марко Гобељиќ.
Пејачката и фудбалерот се заколнаа на вечна љубов пред најблиските членови на семејствата и пријателите.
Големата прослава е одложена за следната година. Постојат неколку причини за тоа, пред се поради ситуацијата со корона вирусот и бременоста во која се наоѓа Катарина.
Пејачката не избра традиционална бела венчаница за најсреќниот ден во нејзиниот живот, туку избра летен цветен фустан со долги ракави и отворен грб.
Гостите ги забавуваше блиската пријателка и колешка на Катарина, Андреана Чекиќ, која и овојпат не пропушти да пее на приватната прослава на својата долгогодишна пријателка.
Да се потсетиме, по една година забавна и хармонична врска, фудбалерот Марко Гобељиќ ја запроси Катарина на почетокот на јуни.
Потоа, исто така, со најблискиот круг пријатели, Катарина го изговори судбоносното „да“, додека беше на колена и се држеше за глава, не верувајќи што се случува.
Неодамна во јавноста се појави вест дека пејачката е бремена, но досега таа не сакаше да го потврди тоа. Во моментов наводно е во шестиот месец од бременоста, што може да се заклучи од нејзиниот стомак, што веќе не може, и не се обидува да го скрие од јавноста.