Преслатка глетка
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сигурно може за себе да каже дека е најсреќната жена на светот. Освен што има здраво семејство до неа и е една од најуспешните пејачки на овие простори, нејзиниот внук Жељко и донесе посебна среќа.
Да се потсетиме, синот на Цеца, Вељко и неговата сопруга Богдана добија наследник на 3 јуни минатата година, а малиот Жељко стана нивниот центар на светот.
Цеца е активна на социјалните мрежи и често споделува семејни моменти со своите следбеници. Таа сега сподели видео на кое внукот ги разнежи своите обожаватели.
На видеото се гледа како малиот Жељко ужива возејќи пони. Се смее цело време, додека Вељко го придржува.
– Ги сака коњите, ќе мора да му купиме пони – рече Вељко додека го држеше наследникот.