Сека Алексиќ за вишокот килограми.
И додека полека се подготвува за втората сезона на кулинарскиот натпревар „Мајки и снајки“, Сека Алексиќ проговори за борбата со вишокот килограми со кои, како што вели, се бори со години.
Пејачката истакна дека ги чита коментарите за себе и нејзиниот изглед и признава дека кога станува збор за таа тема, често се шегува на своја сметка.
“Поминувам време на социјалните мрежи и читам коментари за себе кога ќе наидам на нив. Нема ништо премногу лошо и навредливо во тоа. Мислам дека е релативна работа дали некој е слаб или дебел и прашање на вкус. Никогаш не сум коментирала за туѓ изглед или заработка бидејќи сметам дека тоа е некултурно“, започна таа.
“Кога ќе наидам на некој симпатичен коментар, сакам да се пошегувам на моја сметка. Често си велам себеси дека ќе умрам дебела и гладна, бидејќи постојано се борам со килограмите. Тоа е составен дел од мојот живот и веројатно секогаш ќе ме следи“.
Сека Алексиќ неодамна ја реновираше својата вила во Стара Пазова – еве како изгледа сега: