Популарната пејачка не штеди кога е модата во прашање, а сега се одлучи за чевли со потпис на нејзиниот омилен „Версаче“.
Јелена Карлеуша напорно работи на нови проекти, но не ја заборава својата најголема страст – модата, па реши да се почести со нов пар скапи чевли.
На социјалната мрежа Инстаграм, таа се пофали со новите чизми, кожени чизми до глуждот, чија цена е 1.300 евра. Станува збор за модел на италијанската модна куќа „Версаче“ со платформа и многу висока потпетица – дури 15,5 сантиметри!
Јелена е страсна љубителка на овој бренд, па често ја гледаме во облека и чевли со потпис на „Версаче“, а во една прилика беше гостинка на модна ревија што се одржа во Италија. Неодамна ја видовме во мини-фустани од овој бренд, кои потоа ги носеа и Софија Вергара и Емили Ратајковски, а едвај чекаме да видиме како Карлеуша ќе ги искомбинира овие чизми!