Како таа да бирала!
Соња Вуксановиќ и Аца Лукас се венчаа во 2010 година, а официјално се разведоа во 2019 година, иако се разделија уште во 2017 година.
Тие ја имаат ќерката Викторија, која денес наполни 10 години. Родителите, се разбира, го прославија роденденот на својата сакана како што треба, а таа доби и подарок, за кој се чини дека многу ја израдувал.
Имено, таа доби црна кожена јакна што и се допадна толку многу што веднаш ја облече и не ја соблече до крајот на прославата на роденденот, а тато и го честиташе роденденот на Инстаграм со следниве зборови:
– Среќен роденден на мојата миленичка.
На Инстаграм, Соња сподели дел од денешната атмосфера, а како изгледаше се, можете да погледнете во видеото подолу.