Добија уште едно дете, ја чуваат приватноста и се заљубени еден во друг како и првиот ден.
Пејачката Николија Јовановиќ се породи пред еден месец, а на свет донесе уште едно девојче.
Она што зачуди многумина е дека пејачката брзо успеа да си ја врати фигурата, па изгледа феноменално судејќи по фотографиите на социјалните мрежи.
Денес, нејзиниот невенчан сопруг Реља Поповиќ објави заедничка фотографија од теретана, и покажа како пејачката успеала толку брзо со она што многу жени се обидуваат да го направат со месеци.
Инаку, Реља и Николија важат за еден од најубавите парови на српската естрада, а се обидуваат да ја сочуваат приватноста од очите на јавноста.