– Марко ми рече: „Ако ти е полесно, ќе одиме во болница секој ден да ти кажат дека имаш здраво дете – рече таа
Поранешната реалити натпреварувачка Луна Џогани изјави дека ќерката Миа ја носела на лекар секој ден по породувањето затоа што ја фаќало паника дека нешто не е во ред.
Луна откри како се снаоѓа како мајка и признава дека ја разгалила својата четиримесечна наследничка.
– Поблага сум од Марко, ја разгалив Миа. Одев во болница секој ден за да видам дали се е во ред со бебето! На почетокот, постојано одевме на лекар. Бев загрижена зошто бебето не спие, па зошто нејзиниот нос е затнат … Бев во паника дека има грчеви иако тоа е нормално – рекла Луна.
– Докторката ми рече да не се грижам и дека Миа е здрава. Марко полуде бидејќи јас паничев! Потоа, се смири и ми рече: „Ако ти е полесно, ќе одиме во болница секој ден да ти кажат дека имаш здраво дете“, рече таа.
Луна истакна дека таа и Марко излегуваат иако имаат мало бебе, но им недостасува повеќе време да бидат сами и да уживаат.
– Излегуваме еднаш или двапати месечно. Навистина сме уморни откако станавме родители. Ми недостасува да бидеме сами и да се релаксираме, да вечераме и да уживаме… изјави Луна.
По пораѓањето на Луна, Марко истакна дека сака многу деца, но на Луна не и се допаѓа идејата за „фудбалски тим“, барем засега.
– Каков фудбалски тим! Носев бебе, моето тело мора да се врати во нормала, па ќе видиме… – додаде Џогани.