МОДНИTE КОМБИНАЦИИ НА ОВАА ПЕЈКАЧКА СТАНАA ХИТ НА ЕСЕНТA Погледнете го стилот на Анастасија Ражнатовиќ по кој жените полудеа

12 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-12 163930

Со доаѓањето на есента, Анастасија се одлучи за неколку интересни комбинации, а ние ги одбравме трите највпечатливи за вас

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ е моден пример за многу девојки и жени, а со секоја нова фотографија на Инстаграм, ги воодушевува фановите со модните идеи.

Со доаѓањето на есента, Анастасија се одлучи за неколку интересни комбинации, а ние ги одбравме трите највпечатливи за вас. Погледнете и сами како Анастасија ги следи есенските модни трендови.

Пред неколку дена Анастасија отиде на прослава и за таа прилика облече мини бордо здолниште, во кое вовлече широка кошула. Чантата на „Yves Saint Laurent“ во боја на скапани цреши и црвен кармин се уште два есенски тона, покрај бордотo, што многу дизајнери го истакнуваат како класика на есенската мода.

Во септември, пејачката се одлучи за елегантен брокат костум. Тоа е скапоцен материјал, сo релјефни шари, структурирана јакна, со интересни ревери, Анастасија го заврши стајлингот со коса цврсто собрана во коњско опавче и дискретна шминка.

Пред три недели се случи интересна комбинација, во која доминираа портокалови и бакарни тонови. Таа спои маичка со карнери со фармерки со широки ногавици, а со цел да додаде повеќе драма во комбинацијата, се одлучи за потпетици и чанта со светки. Косата е пуштена и дива во нежни бранови. Двојниот ѓердан околу вратот и златната нараквица совршено се споија со остатокот од гардеробата, пишува списанието „Магазин новости“.

escort - Korsan taksi