
Бизнисменот Богдан Срејовиќ се најде во центарот на вниманието на медиумите откако се дозна за неговата врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Оттогаш, се следи секој негов чекор, како и секој негов пост на социјалните мрежи.

Неговите најнови објави привлекоа големо внимание во јавноста. Имено, момчето на Цеца, Богдан, кој е осум години помлад од неа, објави фотографија од теретана каде позира во маица без ракави, па така до израз доаѓаат неговите силни бицепси и трицепси.

Светлана Цеца Ражнатовиќ не одолеа да му стави лајк на својот избраник на оваа фотографија, на која го покажа мускулестото тело. Неговите бројни следбеници беа воодушевени од објавата, судејќи според коментарите под фотографијата.