Ќерката на пејачката Светлана Ражнатовиќ, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, пред неколку дена го прослави својот 23-ти роденден. Голем број на познати личности дојдоа на прославата, а младата пејачка за оваа пригода избра жолт краток фустан, кој открива и деколте.
Судејќи според големиот број фотографии и видеа што многу гости и членови на семејството ги објавија на Интернет, атмосферата на прославата беше добра и сите ја искористија оваа можност да си поминат убаво по подолг временски период и пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Цеца беше воодушевена од прославата и сподели видео од нејзиниот роденден кога атмосферата веќе беше на својот врв, а на видеото се гледа како играат пејачката и нејзината наследничка.