Иако многумина ја критикуваа „безброј пати“ за уредување фотографиите и нереално портретирање, пејачката, исто како и светските sвезди, не се осврнува на тоа.
За пејачката Јелена Карлеуша се вели дека е една од најконтроверзните јавни личности на Балканот, а нејзините објави на социјалните мрежи секогаш предизвикуваат лавина коментари. Тоа успеа да го стори и со последната фотографија на која позира во минијатурен костим за капење, а секако во прв план ги става бујните атрибути.
Бројни следбеници се согласија дека Јелена има тело како што го гледаме само во реклами, но имало и такви кои сметаат дека тоа е само добар Фотошоп. Не е тајна дека фотографиите на пејачката честопати се „пеглаат“, а со тоа им се овозможува на обожавателите да ја гледаат само во најдобро можно издание.
Сепак, многупати беше критикувана од многумина за уредување на фотографиите и нереално портретирање, пејачката, исто како и светските sвезди, не се осврнува на тоа. „Јелена, не се срамоти. Те видовме во живо. Жената е згодна, но ни приближно како на фотографиите“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.