Пејачот Слоба Радановиќ даде свое мислење за конфликтот за којшто зуи целиот Балкан
Уште еден пејач даде свое мислење за скандалот кој ги потресе „Ѕвездите на Гранд“ – препукувањето на Јелена Карлеуша и Вања Кнежевиќ, што на крајот резултираше со кривична пријава.
Пејачот Слоба Радановиќ застана на страната на Вања Кнежевиќ и ја осуди пејачката, за која рече дека „се однесува кон конкурентите како кон корпа за отпадоци“.
„Кога ќе ја прифатиш работата на жири, треба да знаеш дека тие не се корпа за отпадоци или вреќа со го**а во која сега ќе ги истуриш и своите го**а и токсини што извираат од твоите лични фрустрации. Престани да замараш“, напиша тој на Twitter.