Пејачката Јелена Карлеуша откри непознати детали од нејзиниот приватен живот
Таа во едно од претходните интервјуа откри дека нејзината куќна помошничка е задолжена за повеќето нејзини секси фотографии на Инстаграм.
Сега, за прв пат, зборуваше за персоналот што работи во нејзината вила на Дедиње и откри дали и таа некогаш помага во домашни работи.
“Замислете да се бавите со оваа работа, да одите на проби, настапи, интервјуа, да перете алишта, потоа повторно интервју, а потоа да готвите ручек … не функционира. Јас готвам одлично, но не стигнувам, имам луѓе кои ми помагаат. Еднаш му испеглав кошула на Душко, на почетокот на врската. После тоа, никогаш не ми го побара тоа, не знам зошто, можеби не му се допадна”, рече Јелена.