Поп-sвездата Јелена Карлеуша (42) изненади со нова фотографија, а тоа е едно од нејзините изданија во кое не сте навикнале да ја гледате.
Имено, Јелена честопати, ги истакнува своите атрибути поради кои многу луѓе и завидуваат, а овој пат позираше буквално закопчана до грлото, но ги предизвика истите реакции како кога има минимална облека.
Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во бел дуксер, а на главата имаше капуљача. Го сликаше лицето одблизу, а многумина беа воодушевени од тоа колку убаво изгледа пејачката.
Јелена ги почести своите следбеници со нова фотографија, а тие реагираа на нејзиниот пост, па имаше само низа комплименти за нејзиниот изглед.