
Нивес се пофали со луксузен појадок на терасата во хотел во Опатија, но обожавателите сепак го забележаа тесниот црн фустан од кој се прелеваат нејзините гради.
Пејачката, актерка и писателка Нивес Целзијус (39) предизвика бројни коментари со својот провокативен фустан. Уживајќи во појадокот за двајца во Опатија, Нивес позираше на масата во тесен фустан што ги истакнува нејзините облини и гради.
Фановите ја споредија со Моника Белучи и коментираа дека таа е вистинска убавица, сепак повеќето коментари беа посветени на нејзините гради кои за малку ќе испаднеа од малиот фустан.

– Утрата како ова! – напиша пејачката во описот на фотографијата.
– „Леле, каква убавица!“, „Ти си како Моника Белучи“, „Луксузна трпеза исто како твоите гради“, „Убав поглед на градите“, „Супер си, маче“, „Божица“ – се само некои од позитивните коментари, но под сликата имаше и неколку критики на нејзина сметка.
– Нивес, ме интересира колку најмногу можеш да ги покажеш без да испадне нешто што не треба? Дали е тоа сега или можеш и повеќе? – ја праша еден од следбениците.