Пејачката Анастасија Ражнатовиќ првите денови од летото ги минува близу до водата, па секоја сезона ни служи како инспирација за ново бикини, а овојпат тоа ќе биде огнено црвено.
Откако младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ воодушеви со стајлингот за прославата на роденденот на нејзиниот внук, сега ги полуде своите следбеници на Инстаграм со фигурата во бикини.
После многу дождливи и мрачни денови, Анастасија едвај ги чекаше првите зраци на сонцето за да се соблече во бикини и да се сонча. Ражнатовиќ уживаше во друштво на пријатели на базен, а за време на снимката, која воодушеви многумина, ја отпеа својата нова песна „Извини“.
Освен одличната интерпретација на песната, она што многумина го забележаа е нејзината одлична фигура и совршен огнено црвен костим за капење. Едноставен крој, традиционални триаголници, но во боја на која малкумина можат да одолеат, особено на плажа.
Подолу во галеријата, погледнете го неодоливото црвено бикини на Анастасија Ражнатовиќ, како и неколку други изданија во костими за капење на плажите низ целиот свет: