
Беа заедно за зимување, актерот сè уште не зборува за нивната врска
Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, има нова девојка.
Според медиумите, станува збор за привлечната руска танчерка Арина Волошина.
Милош Биковиќ на покана на режисерот Никита Михалков отпатува за Москва да биде член на жирито на Интернационалниот филмски фестивал, а споменатата убавица му прави друштво деновиве.
Актерот беше снимен на вечера во друштво на Арина и тогаш беше откриено дека таа е негова нова партнерка.
Арина е шампион во танцување и досега има освоено бројни награди.
Интересно е што Русинката на Instagram ја следат пријателките на Биковиќ, кои ѝ оставаат позитивни коментари под фотографиите.