Тони Цетински се ожени со 15 години помладата Дубравка Дујак во црква минатиот викенд. Свадбата се одржа во Опатија, а по црковната церемонија, гостите и младенците го прославија тој посебен ден.
Мирко Цетински, таткото на Тони и популарниот пејач од 1960 -тите, на својот син и на неговиот избраник им подари непроценлив подарок.
Имено, тој им ја испеа песната ‘O sole mio’ сосема ненадејно, што самиот Тони ја откри на Инстаграм.
„Драг тато, ти благодарам за овој спонтан и едноставен момент за долго паметење. Ме изненади, но некако се снајдов“, напиша Цетински во описот на видеото во кое се слуша како татко му пее, а во еден момент му се придружи и Тони.
Инаку, „O sole mio“ го напиша Џовани Капуро, а песната ја изведоа многу еминентни уметници како Енрико Карус, Роуз Понсел и нејзините сестри Кармел, Андреа Бочели, а Марио Ланза и Лучијано Павароти освоија Греми со неа во 1980 година за најдобра вокална изведба.