Многу се шпекулираше за тоа што Мустафа Сандал корегирал на своето лице
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал, ја отвори душата во едно интервју и зборуваше на тема естетски интервенции, па призна дека користи ботокс.
– Не сум против естетски корекции. Во последно време ми помагаат мали количини на ботокс, тоа е се. Мојот изглед е всушност награда од Бога, резултат на долгогодишно спортување и урамнотежена исхрана. Се обидувам да бидам секогаш фит, а спортот е еден од составните делови на мојот живот. Нешто што ми ја чисти душата и мислите од негативни емоции. Визуелното доживување е многу важно, треба да се грижите за себе. Сакам да изгледам добро – тврди Мустафа, а потоа погледна наназад на кој начин тој гледа на животот, имајќи предвид дека изминатиот период за него беше крајно турбулентен.
– Енергијата што ја изразувам во моите спотови е вистинска. Како и секој друг, понекогаш се соочувам со тешки моменти, бидејќи има се во животот. Но, генерално, секогаш размислувам позитивно, тоа е мојот поглед на светот. Фокусирајте се на добрите работи, не грижете се за лошите. Сонцето изгрева секое утро и буди нова надеж, важно е да се верува во тоа – тврди пејачот.
Многумина беа изненадени од оваа изјава, бидејќи турскиот пејач веќе изгледа добро и сметаат дека нема потреба да менува ништо на лицето.