После чаша виски, се зема шот од водата од кисели краставички, а овој специјалитет се вика „pickleback“. Во многу американски барови, ова е токму специјалитетот на куќата.
Она што е зимница кај нас, за Американците, Русите и Мексиканците е совршена придружба на жестоките, кратки пијалоци.
Еден од најдобрите бармени во светот, Шанел Адамс, открива еден од интересните трендови во течноста за пиење, која во овие краеви најчесто е дел од зимницата, а не барска понуда. Тегла кисели краставички е редовен гостин во фрижидерот за многумина, но не секој знае дека „киселиот сок“ е богатство на здравјето.
После чаша виски, се зема шот од водата од кисели краставички, а овој специјалитет се вика „pickleback“. Во многу американски барови, ова е токму специјалитетот на куќата.
Овој „изум“ не е резервиран само за Соединетите држави. Русите ја пијат течноста од киселите краставички со вотка, а во Мексико се комбинира со текила. Причината е што го ублажува дејството на алкохолот, а некои тврдат дека го ублажува и мамурлакот.