Во искреното обраќање на Инстаграм, пејачката рече дека донела одлука да не настапува некое време
Следбениците на поп -sвездата Наташа Беквалац на Инстаграм со денови ги следат нејзините промени во расположението, што следуваа откако таа одлучи да се откаже од пушењето по многу години, и како што сега признава на оваа социјална мрежа, оваа одлука иницирала и низа други.
Во искреното обраќање на Инстаграм, пејачката рече дека донела одлука да не настапува некое време бидејќи, како што вели, е исцрпена и не е расположена, а она што привлече најголемо внимание е делот кој се однесува за мажите што ја повредиле – сите веднаш заклучија дека станува збор за еден од тројцата поранешни сопрузи.
– Неверојатно е како една голема промена доведе до други. Уморна сум, исцрпена и нерасположена. Чувствувам дека ова е време кога треба да се вратам на себе. Вистинската, здрава, среќна јас. Онаа што има што да понуди во секој момент, да, да. Решив да не настапувам некое време, ми треба пауза, но морам да останам близу до музиката. Не на сцената и да ја делам со публиката, туку да бидеме само ние двајца. Музиката и јас … Во студио. Не знам каде ќе ме одведе сето ова, но знам дека сум подготвена и дека се што ќе излезе од ова ќе биде толку мое и искрено. И минатото ми се чисти … Некои мажи кои многу ме повредија … Се јавија … И рекоа извини … Пишуваа … Претпоставувам дека тоа е се што ми треба за да бидам слободна … Своја … И инспирирана … – напиша Наташа, која не сакаше да прецизира за кои мажи станува збор.