Раста откри што мисли за Наташа по заедничката соработка
Пред неколку дена раперот Стефан Џуриќ Раста и пејачката Наташа Беквалац снимија заедничка песна „Од далеку“, а сега раперот проговори за заедничката соработка.
– Тоа е навистина најлудата приказна. Двајцата бевме во контакт и као „ајде да правиме некоја добра музика. Не знаевме точно што ќе правиме, седевме во студиото и слушавме неколку демо-снимки што ги имаме, и буквално кога ја пуштивме таа песна, обајцата сфативме дека тоа е песна за нас“ – рече Раста.
Тој додаде дека Наташа е голем професионалец и дека е воодушевен од соработката со неа.
– Наташа е цар и вреден работник, не можам да ја опишам. Ние го снимавме тој спот 18 часа на плус 40, не ја слушнав да се пожали ни еднаш и секоја чест на тоа – рече раперот.
Во неговите спотови често се појавуваат јахти, но во неговиот приватен живот, вели тој, е малку поинаку.
– Имам брод, сакам да се дружам со рибарите, тоа е посебна работа. Со јахта не можат да се приближат таму каде што ние се приближуваме со брод, а и имав доволно јахти во животот – рече Раста во емисијата „Премиера“.