Наташа Беквалац одлучи да се откаже од својот најголем порок, а еден коментар крена прашина на мрежите.
Наташа Беквалац неодамна донесе одлука да се откаже од пушењето, но тоа ја довело до неверојатна никотинска криза, со која се бори со денови, а многу фанови ја поддржуваат во борбата против нејзиниот најголем порок.
Откако нејзиниот апетит очигледно се зголемил поради недостатокот на цигари, па им се пожали на своите следбеници дека дури и копала во кантата за ѓубре, детално опиша како изгледа нејзиното одвикнување, а еден коментар ги запали мрежите!
Под објавата во која Наташа Беквалац ги извести своите следбеници дека наскоро ќе поминат две недели откако запалила цигара, еден од нив напиша:
„Полесно го остави сопругот отколку цигарите!“, гласеше коментарот, а пејачката веднаш реагираше.
„Вистина …“, напиша таа.
Овој краток разговор ги обиколи социјалните мрежи, а многумина посочија дека Наташа уште еднаш докажа дека знае да се пошегува на своја сметка.