Пејачката се збогуваше со близок пријател…
Тажната вест Лепа Брена ја сподели со своите следбеници преку социјалната мрежа Инстаграм. Близок пријател на семејството Живојиновиќ почина ненадејно.
Веста за смртта на пријател многу ја погоди Лепа Брена, која се прости од својот пријател на популарната социјална мрежа.
-Наш драг Милан. Ни беше огромна чест и задоволство да те познаваме и да се дружиме со тебе. Секогаш беше единствен и ја поседуваше таа величина што секогаш учевме многу од тебе. За жал, поминаа само неколку часа од нашето последно дружење и твојот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството. Почивај во мир, да имаш вечна слава. Брена и Боба- напиша пејачката.