За оваа изведба, пејачката избра да облече интересен, а во исто време и многу провокативен комбинезон кој никого не остави рамнодушен.
Поп пејачката Сара Jo настапи на Ушче во рамките на еден фестивал како гостинка на настапот на нејзината колешка Јелена Карлеуша.
Во оваа прилика, таа одлучи да облече многу необичен костим, кој беше доста предизвикувачки, па облече долна облека од латекс, а преку тоа имаше чудно скроен, а во исто време и транспарентен костим со белузлави детали.
Она што беше доста интересно беше нејзиното репче во кое имаше виолетови прамени, додека на нозете имаше кратки црни чизми. Од накит, носеше само обетки.