Сандра Миљаковиќ и Виктор Живојиновиќ наводно раскинале поради Лепа Брена
Сандра Миљаковиќ и Виктор Žивојиновиќ наводно ставиле крај на нивната врска уште пред два месеци, а изворот тврди дека Брена „замешала прсти“.
Неименуваниот извор тврди дека нивната врска била осудена на пропаст.
“Таа врска беше осудена на пропаст, Виктор е се уште незрел, тој дури и не планираше да се ожени, а Сандра тоа го сакаше многу. Нејзината цел беше да влезе во семејството Живојиновиќ, но Виктор имаше други планови. Тој се уште е неизживеан, млад и сака да патува. Константно патува и се зеза, а таа мисли дека ќе ја вери. Неодамна требаше да ја прослават годишнината, но тоа не се случи. Раскинаа пред тоа”, рекол изворот, откривајќи дека пречка за нивната врска бил и фактот дека Брена воопшто не ја сакала нејзината идна снаа.
“Изгледа дека Сандра не покажа доволно почит кон Брена, а тоа не смееше да се случи. Покрај тоа, Брена не сака многу провокативни девојки и оние што излегуваат многу, а Сандра е млада и сака да се забавува. Значи, една од причините за раскинувањето беше онаа што мајката на Виктор не ја сакаше Сандра.”
Лепа Брена и Сандра наводно завојувале за време на одморот во Дубаи, кога пејачката не се разделила од својот син и неговата девојка, што и пречело на Миљаковиќ. Кратко потоа, Сандра и Виктор раскинаа, но се смирија во јули. Сепак, нивната врска не опстана.