Музичката sвезда Јелена Карлеуша многу пати ги воодушеви своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со изданието во бикини, но последната објава остави досега најсилен впечаток кај сите.
Имено, овојпат ЈК покажа нов костим за капење со кој успеа да ги измами воздишките на своите обожаватели, но со позата што ја направи успеа да го „запали“ Инстаграм.
Карлеуша клекна на колена, ја спушти главата на подот, а потоа го покажа својот совршен задник, за кој многумина тврдат дека е најдобар на сцената.
На долниот дел од бикинито, на самиот врв на задникот, имаше црвено срце кое за само неколку минути успеа да добие бројни коментари.
„Леле, какво срце“, „Колку си жешка“, „Леле, какво тело, изгледаш феноменално“, „Колку ти е добар задникот“, „Оваа жена гори“, „И срцето е посебно“, „Секоја чест како изгледаш“, се само некои од коментарите.