Весело!
Ќерката на Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста наполни четири години пред два дена, а сега пејачката организираше прослава во тоа име.
Николиќ подготви вистинска бајка за нејзината наследничка за нејзиниот роденден, има и торта на три ката, а малата Тара беше како принцеза. Гордата мајка објави видео на својот профил на Инстаграм, и не криеше колку е горда.
Инаку, Ана пред два дена се огласи на својот Инстаграм профил, каде со своите следбеници сподели емотивна честитка:
– Ќе бидам твоја поддршка и карпа … И кога ќе се распаднам на илјада делови, ќе бидам се што може и што не може, и што е потребно, а што не е потребно … И меч и штит … И небо и ѕид. Ќе бидам се што мене никој не ми беше … Да те кренам кога ќе паднеш и да не те оставам да престанеш … Никогаш! Те сака мама! Среќен роденден, мојата единствена безусловна љубов … Тара! – напиша пејачката како дел од својата објава и ги разнежни сите нејзини следбеници.