Луна Џогани и Марко Миљковиќ денеска слават годишнина од веридбата.
Радосната вест за прославата Луна ја сподели на социјалните мрежи, проследена со голем број честитки во коментарите.
Марко ја запроси Луна на 6 септември минатата година во еден ресторан, а на веридбата присуствуваа членови на нивните семејства и пријатели.
– Една година. Те сакам – напиша Луна на споменатата социјална мрежа.
– „Честитки“, „Преубави сте“ – се само дел од коментарите.
Да се потсетиме, Луна и Марко својата врска ја започнаа во „Задруга 2“, се венчаа во мај годинава, а во јуни ја добија ќерката Миа.