Важи за една од најубавите жени на регионалната сцена, а малкумина знаат дека влезе во осмата деценија!
Легендарната пејачка, Неда Украден, која со години важеше за една од најубавите жени на овие простори, денес го слави својот 71 -ви роденден, а судејќи според нејзиниот беспрекорен изглед, ретко кој може да заклучи дека таа ја гази осмата деценија.
Пејачката моментално е во Црна Гора со семејството и пријателите. Во оваа прилика, сподели роденденски пост на својот Инстаграм и ги поздрави сите луѓе и се заблагодари за се убаво во животот.
– Благодарна за се убаво и добро во мојот живот, наздравувам со сите на овој мој ден. На здравје – напиша Неда на својот Инстаграм.