
Само скапо!
Сораја Вучелиќ на својот Instagram објави комплет провокативни фотографии од Москва, на кои позира покрај зелено Ламборџини во црвен фустан. Посебно внимание привлече бујното деколте, но и модниот детал што го вклопи со фуриозната машина. Цената на зелената торба е вртоглава, но не очекувавме ништо помалку од Сара.
Како што најдовме на Интернет, овој детал во рацете на Сораја чини дури 3.200 евра, а станува збор за луксузен италијански моден бренд „Bottega Veneta“.
Сораја направила неколку фотографии додека светла блескаа од сите страни, а според нејзината објава , таа моментално е во Москва.
