Јелена Џоковиќ обожава тенисери.
Јелена и Новак Џоковиќ се едни од најпознатите парови во светот, а тие го изговорија судбоносното „да“ во 2014 година.
Нивната љубов започна кога беа во раните дваесетти години, а Јелена беше голема поддршка на Џоковиќ на патот кон првиот рекет во светот. Двајцата изгледа дека се лудо заљубени како и првиот ден.
Иако многумина мислат дека Новак е прва љубов на Јелена, тоа не е баш така. Пред Ноле, Јелена љубеше уште еден српски тенисер, Иван Бјелица Гиле.
Во тоа време Новак беше во врска со Лидија Поповиќ, но нивната врска не траеше долго затоа што беа премногу млади, пишува „Стори“.
Иван некое време беше во врска со актерката Христина Поповиќ, но и на таа љубов и дојде крај. И додека Јелена ја најде среќата покрај најдобриот тенисер на светот, ништо не се знае за моменталниот емотивен статус на нејзиниот поранешен партнер.