Рада Манојловиќ, го прослави својот 36 -ти роденден, а пријателите и семејството и приредија необично изненадување, кое пејачката го сподели на својот Инстаграм.
Рада се пофали со тортата на споменатата мрежа и напиша дека желбите и пораките што ги добила вчера во текот на денот, многу и значат.
– Ви благодарам многу на сите за вашите добри желби, ми го разубавивте денот. Вашите прекрасни желби и пораки многи ми значат и на сите ви посакувам многу љубов и среќа, тие добри желби секогаш да ви се враќаат само со добро, ве сакам – напиша Рада со фотографијата, а зад неа стоеше плишано мече.
Рада ги дувна свеќите од тортата со нејзината сестра Марија, за која напиша дека е нејзиниот соборец.