Не крие дека ужива на црногорското приморје со Боба
Популарната пејачка Лепа Брена заедно со сопругот Боба Живојиновиќ моментално уживаат на одморот во Црна Гора.
Таа редовно информира како го поминуваат времето на море и објавува фотографии на својот Instagram профил, а сега предизвика лавина коментари со една фотографија.
Имено, Брена објави селфи во костим за капење, додека на главата има шарена шамија на која изгледа непрепознатливо.
– „Ова не е Брена …“, „Брено, дали си ти ова?!“, „Што му прават операциите на човекот“ – беа само некои од коментарите.