Сања Вучиќ предизвикала драма на аеродром: Мислеа дека сум терорист, растерав 500 луѓе

24 октомври, 2021
sanja-830x0

-Полицијата, некои луѓе од аеродромот, и таа касиерката, јас сирота молчам и гледам, не знам што да правам, ја зезнав работата! – рече Вучиќ

Сања Вучиќ вели дека најголемиот срам и се случил на аеродром во Будимпешта, кога со куферот направила целосна конфузија.

Имено, таа седнала во кафуле, бидејќи на аеродромот пристигнала многу порано. Наместо да го земе куферот со себе, таа не го направила тоа, туку го оставила „сам“.

Потоа започнала драмата.

– Бев на аеродромот во Будимпешта, пристигнав малку порано и си помислив да одам да јадам нешто, да се напијам нешто, морав да чекам долго за да се чекирам. И така си одам убаво, земам се по ред, вода, овошки, ова, она. Седнувам, јадам, се релаксирам, уживам, проверувам социјални мрежи, баш си дадов пауза – започна Сања.

-Кога наеднаш ми пријде жената која работеше на каса, и ми вика „Брзо, брзо, излегуваме, затвораме, брзо“, се збунив. Се вртам, гледам полиција и сфаќам дека ми го нема куферот! Јас, дебил, сум го оставила куферот среде кафуле и дојдоа полицајци со кучиња, со она што проверува дали има бомба! Тргнувам да го земам куферот, сите почнуваат да трчаат кон мене, да викаат, се на унгарски, ништо не разбирам! Полицијата, некои луѓе од аеродромот, и таа касиерката, јас сирота молчам и гледам, не знам што да правам, ја зезнав работата! – рече Вучиќ.

Таа истакнува дека ова е најголемиот блам во нејзиниот живот.

– Најлошо од се е што ми приоѓа една жена и ми вели „Сања, еве, јас знам унгарски, сакаш ли да ти преведам?“, само помислив дали е реално што и овде се посрамотив! Значи, тоа ми е најголемиот блам, што го узурпирав цел аеродром, го испразнив кафулето со 500 луѓе поради куферот! Мислеа дека е терористички напад, не е смешно, но во таа ситуација беше хаос – изјави пејачката.