Нов дует се заканува да го запали регионот.
Пејачката Наташа Беквалац реши да отпее дует со популарниот рапер Стефан Џуриќ Раста и со тоа да се испроба во нов музички правец.
Тие двајца денес го објавија долго најавуваниот спот за песната „Из далека“, а судејќи според коментарите, песната ќе биде голем хит.
Наташа неодамна објави видео на Инстаграм, во кое се гледа дел од атмосферата на снимањето на спотот, и опиша за што станува збор:
– Добредојдовте во нашиот црно-бел свет. За мене, ова е голем предизвик, заиграв на целосно нов терен и играв најдобро што можам. Ги запознав сите свои лица, седам на маса со нив. А од другата страна на масата, тие. Црни. Се чини робусно и студено, но … Ништо не е како што изгледа … Седнете на нашата маса, затворете ги очите и бидете тоа што сте. Тука нема страв. Никој нема да ве осуди, никој нема да покаже со прст кон вас. Затоа што тука важи само едно правило … СЛОБОДА … И љубов … – напиша Наташа.
Подолу можете да видите како изгледа целиот спот, кој сигурно ќе биде голем хит.