Старлетата Станија Добројевиќ во последно време очигледно одлучила да инвестира во недвижнини, па освен што купи куќа на Флорида, пред извесно време купи и стан во Рума, со цел да биде близу до семејството.
Како што претходно објавија во медиумите, Станија го продала станот во Нови Сад и решила да купи нов, кој сè уште е во изградба.
Иако има уште многу да се работи, Станија на своите следбеници на Instagram им покажа како изгледа нејзиниот пентхаус.
– Ова станува реалност. Ова е мојата тераса, баш е тераса. Ова ќе биде соба, а ова ќе биде друга, па бањата… Сè уште е во процес на изградба. Дојдовме да ги посетиме работите, има уште многу, велат дека ова се слатки маки, но за мене ова е сè освен слатко – рече Станија додека ги покажуваше собите во нејзиниот нов дом.