Сите ги фалат нејзините нозе, но и друштвото од фотографијата
Северина Којиќ вечерва настапува во Примоштен, а во градот заплови со луксузна јахта.
Популарната пејачка позираше со тимот на јахта, а на фотографијата е добро расположена.
Таа со својот изглед повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а посебно ги пофалија нејзините витки нозе, но и дамата и разголените млади мажи кои и прават друштво.
– Запловуваме во Примоштен… Се гледаме вечерва на концертот. Дали имате некакви музички желби? – ги праша Севе фановите, кои брзо почнаа да одговараат под фотографијата.
Фотографијата им се допадна на повеќе од 22 илјади следбеници.