Поп пејачката Северина на својот Инстаграм профил сподели фотографија како ужива на Ибица, но успеа и да се пошегува пишувајќи во описот:
- Речиси Ровињ.
Таа избра да изгледа потполно волшебно и летно за оваа прошетка. Во бојата на Сонцето, таа носеше лелеав фустан со совршен крој и должина, така што ја нагласи нејзината извајана фигура.
Таа одлучи да ја заврши оваа комбинација со светкави обетки и нараквици со слични нијанси, кои совршено се вклопија во идејата за нејзината облека.
Но, тоа не е се, забележавме и дека прерамките од нејзиниот градник целосно ги поврза со снежно-бели папучи, што со овој детал го заокружи нејзиното издание на прошетка на Ибица.
Како ви се допаѓа комбинацијата?