Се се случи сосема неочекувано!
Вики Миљковиќ долги години е член на жирито на популарниот натпревар за пеење, а неодамна на жирито се приклучи и Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Оваа сезона на „Ѕвезде Гранда“ веќе ја одбележа присуството на најголемата српска регионална sвезда, а членовите на жирито ја користат можноста да споделат моменти „зад камерата“ со фановите, особено затоа што ова е последна сезона.
Сепак, постои вистински момент за се, и ова не беше еден од нив бидејќи натпреварувачот беше на сцената.
Овој пат, Вики правеше селфи додека натпреварувачот пееше, а Цеца, откако ја забележа, ја удри по раката. Миљковиќ не го очекуваше ова, а со оглед на тоа дека камерата веќе беше вклучена, одлучи снимката од овој „инцидент“ да ја сподели со своите следбеници, со пораката:
– Кога кумата ќе те удри по рака!
Како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото подолу: