ШОК! Наташа Беквалац одлучи да се ДОВЕДЕ ДО СОВРШЕНСТВО, па ангажираше личен тренер!

popara2 септември, 20211min0
390538_01-nata_f

Пејачката Наташа Беквалац наводно ангажирала личен тренер, кого ќе го плаќа 600 евра месечно

Наташа Беквалац неодамна се откажа од цигарите, а сега одлучи да оди на индивидуални тренинзи, што ќе и помогнат да ја доведе линијата до совршенство.

Засега, договорот е да му плаќа 600 евра месечно на тренерот. Како што се наведува понатаму, Наташа стапила во контакт со него по препорака на нејзината колешка Емина Јаховиќ, бидејќи со него работела и Емина пред неколку години.

Сепак, оваа нејзина одлука изненади многумина, бидејќи Беквалац има помалку од 60 килограми, а многумина веруваат дека не и треба индивидуален тренинг, и дека вака изгледа совршено.

„Само фрлаш пари“, „Наташа, совршена си таква каква што си“, „Имаш помалку од 60 килограми, не треба повеќе да слабееш“, беа само некои од коментарите од нејзините верни фанови.

Покрај ангажирањето тренер, Наташа оди и кај психотерапевт кој и е психолошка поддршка во борбата против цигарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma