Постарата ќерка на Здравко Чолиќ многу се плаши за својот татко и неговото здравје уште од почетокот на пандемијата! Дури и понекогаш, како што ни вели изворот, таа плаче и им се искажува на своите пријатели!
– Уна е многу врзана за нејзиниот татко. Всушност, и двете ќерки го обожаваат Чола затоа што сè им попушта и тој е слаб на нив, но Уна некако навистина се плаши бидејќи е и прво дете, а е и позрела. Оваа помладата исто така се грижи, но е порелаксирана – вели изворот и додава:

– А бидејќи короната трае, Уна е како на игли. Само плаче и повторува: Се плашам! Што ќе правам без татко ми! Ова мора да престане, јас го сакам нашиот стар живот, има многу мерки и претпазливост – раскажува изворот и додава:
– Точно, Чола спаѓа во ризичната група според возраста, но живее здрав живот, тренира, се движи и сега се пази од вирусот. Девојката малку паничи, но сето тоа е нормално кога станува збор за ќерките. Иако е во право, претпоставувам дека ова ќе помине наскоро – заклучи изворот
