СИНОТ НАПРАВИ СКАНДАЛ НА ПОГРЕБОТ ​​НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ! Лача ја избрка Цеца Ражнатовиќ од ГРОБОТ! Еве што ѝ кажа

29 септември, 2021
481424_cile0485_f

Марина Туцаковиќ, најпознатиот српски текстописец, беше погребана денеска на Новите гробишта во Белград, но овој настан не помина без скандал.

Имено, синот на покојната Марина, Милан Лача Радуловиќ, направил непријатна сцена во близина на гробот кога успеал да ги избрка Цеца Ражнатовиќ, Милан Калиниќ и Саша Матиќ.

– Имајте разбирање, ве молам не приоѓајте до гробот, другите можат – рекол тој покрај гробот на мајка си.

Според очевидци, Цеца веднаш се свртела и си заминала, како и Саша Матиќ.

Додека некои мислеа дека причината за напуштање на погребот е епидемиолошка мерка, други велат дека главната причина е конфликтот помеѓу Лача и Цеца, кој трае веќе подолго време.

Од друга страна, Милан Калиниќ смета дека во тоа нема ништо навредливо.

– Тој побара да не приоѓаме сите, да држиме дистанца, да не се пикаме сите. Тој никого не избрка, таман работа… Поради целата ситуација, побара да се држи дистанца, некој да биде поблиску, некој малку подалеку – рече Калиниќ.

escort - Korsan taksi