Анастасија објави видео од прославата.
Светлана Ражнатовиќ беше на приватна прослава каде пееја Радиша Трајковиќ Џани, Ана Бекута, но и самата Цеца.
Кога Цеца го фати микрофонот, сите погледи беа вперени кон неа, но и кон нејзиното деколте.
Пејачката носеше тесен фустан со циркони што ја истакна нејзината волшебна фигура, а во преден план беше нејзиното бујно деколте од кое никој не можеше да го тргне погледот.
На прославата беше и ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, која исто така ја сними својата мајка додека пееше. Анастасија носеше елегантен црн фустан со длабоко деколте.