
Манекенката го смени имиџот и на прв поглед шокира многумина
Манекенката Софија Милошевиќ реши да го смени имиџот, па својата руса коса ја обои во виолетова и изненади многумина со својот изглед.
Имено, Софија сподели снимки од автомобилот на својот Instagram профил, а сите беа изненадени од тоа што манекенката сега има виолетова коса.
Софија се пофали со новата фризура која е многу оригинална, а одлично и прилега, но не е познато дека оваа промена е трајна или ја сменила фризурата поради некоја фотосесија, или сепак е добар ефект, но ќе дознаеме наскоро .
Виолетовата боја на манекенката ги истакна нејзините убави очи, и иако на прв поглед изгледа малку чудно, нејзините следбеници се воодушевени од промената и комплиментите заради нејзиниот изглед само се нижат.
„Шокирана сум, но добро ти стои“, „Секоја чест за храброста, изгледаш феноменално“, „Прекрасна си без разлика каква боја ти е косата“, „Изненадувачка промена, но и убава“, се некои од коментарите.
